петок, 10 јануари 2025
Прва издржана казна за настаните од 27 април

Абдуљфета Алими излезе од затвор, Зијадин Села рече дека на 27 април тој му станал брат

Објавено на

часот

Сподели

Јас сум во добра здравствена состојба, им благодарам на моето семејство, на моите соселани, на сите Албанци за поддршката, особено на мојот пријател Зијадин Села кој во секој момент ми го вардеше грбот. Ви благодарам вам и на медиумите што ме поддржувате. Слободата е скапа, тука поминав многу време. Годините овде не беа лесни, но со божја помош ги минав, верувам дека ќе има правда и за други од осудените лица“, рече Алими.

Зијадин Села, кој го чекаше излегувањето на Алими од затворот, рече дека цели 6 години сочувствувал со болката на Алими кого го нарече брат. 

„Се чувствувам гордо што Алими не се понижи во ниту еден момент. Од 27 април тој ми стана пријател, брат, член на семејството. Денес се чувствувам така како што се чувствува секој човек кој својот живот му го должи на друг човек. Воедно, ако се чувствував затворен, од денеска се чувствувам слободен зашто слободен е  Алими“, рече Села.

Инаку, Алими беше осуден на 7 години затвор, односно доби најниска казна во споредба со другите 17 лица осудени за терористичко загрозување на поредокот, затоа што, според судијката, покажал хуманост, спасувајќи го животот на Села. Осуден беше затоа што како член на собраниското обезбедување ги предал клучевите од зградата по што масата луѓе можела да влезе внатре. Алими го отргнал Села од група лица кои го тепале во собранискиот дом и го сокрил во една просторија до преземањето од страна на медицински лица. Mинатата година доби помилување од претгседателот на Македонија со што му се скрати казната и излезе денеска, наместо на крајот од годинава. 

                                                                                                                                 Фото: ТВ 21

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ