петок, 18 октомври 2024

Абазовиќ: Нема реваншизам кон Ѓукановиќ

Објавено на

часот

Сподели

Абазовиќ потсети дека беше обвинуван дека помогнал ДПС да се врати на власт. „Еве како ДПС се врати“, истакна црногорскиот премиер.

Абазовиќ кажа дека приоритет е борбата против организираниот криминал и дека приказната околу уривањето на куќата на Ѓукановиќ е „типична црногорска приказна“.

„Наместо да зборуваме за тоа што Ѓукановиќ градел на диво, ние зборуваме дали државниот орган дошол два или пет дена пред изборите. А не градел Ѓукановиќ единствен на диво“, додаде Абазовиќ.

Тој кажа дека е точно дека има голем број слични случаи, но дека не може сè да се стигне. Повтори дека треба да се усвои „антимафијашки“ закон за одземениот имот да се „стави во функција“.

Додаде дека во Црна Гора повеќе нема табу теми и дека нема збор за реваншизам кон Ѓукановиќ и дека тој има голема доза одговорност и дека мора да дава пример.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ