четврток, 26 декември 2024

Абази: Во случајот со градењето на зградите кај хотелот Холидеј нема кривично дело

На денешната средба со новинарите, шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и обвинителите од ова обвинителство информира за текот на повеќе предмети кои се работат во ОЈО ГОКК, помеѓу кои Империја, Трансмет, Грчец, Бехтел и Енка, Соравија и Еуростандард банка.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка, обвинителката која постапува по предметот, Катерина Коларовиќ, информираше дека има предмет по допрен глас отворен во врска со јавна набавка која што била распишана за избор на фирма која што треба да врши надзор на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д.

Таа посочи дека одлучувањето по овој предмет трае долго бидејќи на него работи еден истражител со помош од другите истражители.

„Во однос на овој предмет имаме соработка и со Државниот завод за ревизија за кој најавивме дека во скоро време ќе излезе со објава на извештаи. Целосно се анализирани двете јавни набавки, извршени разговори, одземен голем дел на документација, кога ќе имаме конкретен момент дали ќе се отвори истражна постапка ќе бидете информирани“, рече таа.

Во врска со предметот Империја, кој се однесува на злоупотреба на службена положба, перење пари и измама, Абази информираше дека постапка е во фаза на судење за преостанатите обвинети од предметот.

Тој ги спомена завршените предмети за случаите со поранешните генерални секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за кои информираше дека има првостепена пресуда и предметите се наоѓаат во Апелациониот суд, каде се одлучува по жалба.

Шефот на ОЈО ГОКК денеска информираше за повеќе предмети кои се однесуваат на криумчарење на луѓе, мигранти, дрога и оружје. Тука ги спомена предметот Фамилија кој се однесува на организирана група со криумчарење луѓе и мигранти за кој рече дека била голема акција за заплена на оружје во која прв пат после неколку години формирале заеднички истражни тимови со други држави.

Ја сподели и пресудата за Беланоца, потврдена од скопакиот Апелациски суд и спомена предмет за кој соработуваат со Грција каде се опфатени четири македонски државјани како меѓународна група за трговија со дрога.

На денешниот брифинг Абази сподели информации и за случаите со трговија со деца, помеѓу кои за случувањата во Велес, за кои постапката е во тек.

Спомена дека се работи на предмет за трговија со дрога во Струга и Охрид, и го сподели и предметот„Синџир за злосторничко здружување каде има повеќе обвинети со предизвикана штета од околу 8 милиони евра.

Во врска со истрагата за случајот Грчец, од ОЈО ГОКК информираа дека се доставени известувања, наредби за распишување на национални и меѓународни потерници и дека едно лице е во екстрадиционен притвор во Шпанија.

Во врска со сомнежите за корупција во затвор Идризово, за кои обвинител сослушал извесен затвореник кој зборувал за тортура, обвинителите информираа дека предметот е во предистражна постапка и вербалните наводи треба да се поткрепат материјално за истрагата да продолжи.

За случајот Соравија, отворен по допрен глас, информираа дека по отворање дополнително стигнале поднесоци, а предметот е во фаза на предистрага.

„Обвинителството се обрати до повеќе институции, од страна на МВР постапува единицата за корупција и единицата за финансиска истрага. Вклучена е и Управата за финансиско разузнавање и Управата за јавни приходи. Обвинителството овој предмет го разгледува сериозно од повеќе аспекти, не само од аспект на продажбата на трговскиот центар Соравија, туку, од аспект на сите дејствија поврзани со конкретни лица, сѐ со цел да се утврди дали овие лица се вклучени во какви било активности поврзани со државни институции“, појаснија од ОЈО ГОКК, дополнувајќи дека по полициски интерни канали се побарани податоци од трети земји.

Случајот со модуларната болница во Тетово е уште во предистрага и е обезбедена документација, преземени се дејствија за донесување на јавнообвинителска одлука, информираа на денешната средба од Обвинителството.

„Сега сме во фаза на донесување на одлука, јавниот обвинител го проучува предметот, сакаме да го запознаеме Републичкото јавно обвинителство и да донесеме соодветна одлука“, велат од ОЈО ГОКК.

Оттаму информираа и за предметот Трансмет за кој посочија дека постапката е во голем дел завршена, а откако новиот републички јавен обвинител ќе биде запознаен со предметот, ќе информираат за одлуката.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска споделија дека постапувале и по иницијативата на ДКСК за градењето на зградите кај хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје, односно за донесен Детален урабанистички план (ДУП) од Општина Центар за која, како што соопштија, се впуштиле во обемно истражување и е донесена јавнообвинителска одлука со која се утврдило дека нема место за постапување бидејќи, според обвинителството, државниот Буџет не бил оштетен.

ОЈО ГОКК денеска уште информираше дека пред десетина дена го добиле вештачењето за случајот со Еуростандард банка и ѝ било дадено на одбраната.

На крајот од средбата информираа дека поднеле обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Имаме далеку подобри услови за непречено функционирање во зградаta и безбедна средина, а го надминавме и двојното плаќање на сметки, информираше Абази.

На средбата со новинарите, Абази информираше дека зградата со новите простории на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) обвинителството се протега на над 1.000 метри квадратни со деловни површина од над 300 метри квадратни.

Тој кажа дека новата зграда во која се преселија е доделена со одлука на Владата уште во 2012, а во 2016 година започнала реконструкцијата.

„Дел од мебелот е обезбеден преку ИПА и дел мебел што сме го користеле, а голем дел земавме и од поранешното Специјално јавно обвинителство“, посочи Абази.

Во зградата, меѓу другото, како што информираше, има форензичка лабораторија и една просторија за деца жртви и заштитени сведоци, изградени со помош на проект од Европската Унија.

Просториите на ОЈО ГОКК претходно се наоѓаа во зградата на Апелациониот суд во Скопје.

На средбата со новинарите обвинителот Абази дополни дека склучиле неколку меморандуми за соработка, како што се со Агенцијата за катастар, Агенцијата за вработување, Централниот регистар, а имаат и договор за соработка со Народна Банка, а е отворена и постапка за активирање на „хост систем“ што го користи и Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ