понеделник, 13 мај 2024

Абас: Израелската војска ќе го нападне Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската управа (ПА), Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската војска во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во Рафа моментално има околу 1,45 милиони луѓе, повеќето од нив беа претходно раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте.

Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа, пренесува Ројтерс. Палестинскиот претседател изрази загриженост за присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под администрација на Палестина, откако израелската армија „ќе заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПС одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека Палестинската управа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ