четврток, 30 мај 2024

AA на Села: Мицкоски потврди дека со Левица и ЗНАМ гради антиевропски фронт

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги потврди сите предупредувања на Европскиот фронт и Алијансата за Албанците, дека подготвува фронт против ЕУ и НАТО, со Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски. За да биде тоа недоволно, Мицкоски денеска го нарече багра мнозинството Албанци во Северна Македонија, велејќи дека нема да дозволи да се формира коалиција со Албанците кои сакаат да ја водат земјата кон ЕУ и Западот“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села.

Објавено на

часот

Сподели

Според партијата, оваа изјава само докажува дека Мицкоски е продолжение на Груевски и на Јанкуловска, кои во минатото Албанците ги нарекуваа Индијанци.

„Ваквите најави се за осуда, неприфатливи и неостварливи, само доколку не им помогнат сателити кои говорат албански. Сега кога се јасни позициите на македонската опозиција, јавно ја прашуваме албанската опозиција и нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари, дали уште мислат дека ВМРО и Мицкоски се реформирани и дали уште се надеваат дека и по поразот на изборите ќе влезат во Владата како ‘багра’ на ВМРО. Бараме од Таравари и другите мали опозициски партии да се оградат од ВМРО и коалицијата анти Западот и јавно да ги осудат ваквите изјави“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ