петок, 28 март 2025

98 инчи чисто уживање: големите телевизори од Самсунг за вашиот дом

Замислете си дека гледате филм и се чувствувате како дел од акцијата, навивате за вашиот омилен тим како да сте на трибините или влегувате во светот на видеоигрите со реалистично чувство на вистинско присуство.

Објавено на

часот

Сподели

Вакви сентименти овозможуваат големите телевизори од 98 инчи (249 см) од Samsung со кои ја добивате големината која ја заслужувате.

Преку импресивниот екран и напредната технологија, секој детал е изострен, чист и јасен. А ако зборуваме за боите, тука Samsung телевизорите се ненадминливи благодарение на технологијата со квантни точки која обезбедува широк спектар на бои, кои најпрецизно одговараат на начинот на кој човечкото око ги перципира боите. Тие, исто така, овозможуваат прецизна контрола на светлината на ниво на пиксел, што резултира со подлабоки црни тонови, а поради својството да емитуваат светлина во сите насоки, квантните точки испорачуваат рамномерна осветленост и конзистентни бои од секој агол на гледање, додека истовремено го минимизираат изложувањето на сина светлина и создаваат поудобно визуелно искуство.

Тука е и технологијата со вештачка интелигенција AI Upscaling и процесорот Neural Quantum, со чија помош содржините од YouTube се автоматски унапредени до 4K или 8K резолуција, обезбедувајќи врвно визуелно искуство.

Но, големиот екран не значи само фантастична слика за филмови или спортски настани, тој го прави и гледањето на концертите како да сте во првиот ред, а документарците за природата го пренесуваат секој детал со неверојатна јасност. Дополнето со моќен аудио систем, ова телевизорско искуство создава вистинска атмосфера, која ве носи во сржта на случувањата.

Ви ги претставуваме најдобрите модели на телевизори од 98 инчи, кои ќе го преобразат вашето искуство со гледање на телевизија во домашни услови и домашната забава во целост:

Samsung Neo QLED 4K QN90D е телевизор кој го претвора вашиот дом во вистинско кино. Со огромен екран од 98 инчи, сите содржини кои ќе ги следите ќе бидат неверојатно визуелно искуство. Технологијата Quantum Matrix овозможува прецизна контрола на светлината за богати контрасти и реалистични бои, додека HDR и Auto HDR Remastering ги оптимизираат дури и содржините со пониска резолуција. Заедно со Dolby Atmos и ВИ обработката на звукот, телевизорот создава импресивен surround ефект, што го прави секој звук да звучи реално и моќно. Со Samsung Neo QLED 4K QN90D, доживувате кино искуство директно во вашиот дом.

Samsung QLED 4K Q80C е телевизор со екран од 98 инчи, кој нуди импресивно визуелно искуство благодарение на Quantum HDR+ технологијата, која обезбедува извонреден контраст и живописност. Со SuperSlim дизајн, телевизорот се вклопува во секој дом, поставувајќи забавата во центарот на вниманието.

Neutral Quantum 4K процесорот и вештачката интелигенција автоматски ги подобруваат сликите со понизок квалитет, а режимот за удобност на очите ги прилагодува поставките за удобно гледање. Quantum Dot технологијата нуди милијарди бои, сертифицирани од PANTONE, создавајќи реалистичен приказ. Звукот, благодарение на OTS Lite технологијата, создава виртуелен звук што се усогласува со настаните на екранот, за извонредно аудио искуство. Samsung QLED 4K Q80C го трансформира гледањето телевизија во незаборавно доживување.

Samsung Crystal UHD DU9000 со својот огромен екран од 98 инчи и Supersize Picture Enhancer функција го носи гледачкото искуство на ново ниво. Секој кадар е обработен во реално време, создавајќи неверојатна живост и длабочина, додека Crystal UHD технологијата овозможува импресивно реалистични бои и детали. Со кристалниот процесор 4K, сите содржини се претворени во висока 4K резолуција, истакнувајќи ги и најсуптилните елементи во сцените.

Технологиите PurColor и Contrast Enhancer овозможуваат природни и динамични бои, додавајќи им длабочина и автентичност на секој приказ. Но, ова не е само телевизор – аудиосценската интелигенција автоматски го прилагодува звукот на содржината што ја гледате, за да ја почувствувате секоја емоција и акција на екранот.

Без разлика дали сте љубител на филмови, спорт или видеоигри, Samsung Crystal UHD DU9000 е идеален избор за секој кој сака највисок квалитет на слика и звук.

Промотивна понуда на телевизори Samsung од 98 инчи

Не чекајте! Искористете ја промоцијата која е во тек и добијте бесплатна достава и инсталација на вашиот нов Samsung телевизор од соништата. Направете го својот дом центар на забава со телевизор кој ќе ве остави без здив. Направете го следниот чекор сега и уживајте во врвната технологија од удобноста на вашиот дом!

10 години иновации со квантни точки и лидерство

Како мало потсетување, Samsung беше еден од првите кои го препознаа потенцијалот на технологијата со квантни точки; компанијата започна со истражување и развој на квантните точки во 2001 година, а потоа во 2014 година создаде нанокристален материјал без кадмиум. Оттогаш, Samsung има регистрирано преку 150 патенти, континуирано унапредувајќи ја технологијата. Со тоа го постави стандардот за премиум телевизори, кој вклучува неспоредлив израз на бои благодарение на 100% волумен на бои според стандардот DCI-P3. Накратко, квантните точки се ултра-фини полуспроводнички честички кои се десетици илјади пати потенки од човечкото влакно. Од самиот почеток нивните физички карактеристики, кои им овозможуваат да обезбедат највисоко ниво на прецизност и осветленост на бојата меѓу постоечките материјали, ги позиционираа да ја револуционизираат технологијата на екраните.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ