„Од вкупно 91 возач, 65 ја пречекориле брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.