сабота, 22 март 2025

82 контроли на угостителски објекти, веќе се издадени решенија за забрана на вршење дејност

Досега инспекторите на Државниот пазарен инспекторат извршиле вкупно 82 контроли на објекти кои се регистрирани како кабаре,  диско клуб, диско клуб на отворено и ноќни барови. Од 23 кои имале лиценца, 13 не ги исполнуваат минимум техничките услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност, информираше денеска Марија Митева, портпаролката на Владата на Македонија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Кај 5 правни субјекти коишто се регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена лиценца се издадени решенија за забрана на дејност.
Кај останатите 41 кафиќ-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности според Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затворања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ