сабота, 27 јули 2024

80 кубни метри ѓубре собрани од паркингот на гробиштата Бутел

Јaвното претпријатие Комунална хигиена-Скопје соопшти дека денеска со свои екипи ја чистеа големата дива депонија на паркингот на градските гробишта Бутел, во непосредна близина на последната постојка на ЈСП на автобусот со број 59.

Објавено на

часот

Сподели

Од скопски комуналец велат дека се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Просторот е чистен рачно и машински со метење и перење, велат од претпријатието.

„Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје“, се вели во соопштението.

Инаку, за ѓубриштето кај гробиштата алармираше поранешниот министер и пратеник Јани Макрадули преку објава на Фејсбук.

„Гробишта Бутел, денес… Тажна слика за еден град кој систематски се уништува.
П.С. Со која политичка памет шурувавте со ‘менаџерката’”, напиша Макрадули и објави фотографија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ