Организатори на собирот се Институтот за национална историја и Матица на иселениците од Македонија, а покровител е Општина Чашка.
Како што е најавено, на собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари на теми од историјатот и содржините во нашиот новинарски печатен првенец.
Ќе присуствуваат и македонски иселеници кои живеат и работат во Измир, Турција, кои потекнуваат од Горно Врановци.
„Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј. хс/са/