недела, 20 октомври 2024
Денот кога е создаден најголемиот клуб во Македонија

76 години од формирањето на Вардар, клубот го слави минатото со поглед кон идинината

Објавено на

часот

Сподели

Денеска е роденден на Вардар. Клубот во своето соопштение реши да не потсетува на славните минати денови, туку да се фокусира на иднината на црвено-црните која во моментов ја гради народот.

„Големиот Вардар денес го прославува својот 76 роденден. Но, за разлика од порано, денес нема да зборуваме за минатото, за славното минато исполнето со многу титули, победи и шампионски славја. Денес, секоја наша цел, секоја мисла, секое неизгаснато парче жар го посветуваме на иднината, на славната иднина која сите заедно ќе ја изградиме!

ФК Вардар испишува нова страница од својата историја. По години на континуирана криза, не само финансиска туку и визионерска, клубот полека успева да го најде вистинскиот пат. По годините преполни со лажни ветувања и Управи чија единствена цел беше – личниот профит, денес ние, навивачите на клубот, поддржани од народот започнуваме со изградба на целосно нова, здрава спортска приказна наречена – ФК Вардар.

Шансата која ни се нуди е историска, затоа мора да ја искористиме. Но, одговорноста е огромна, затоа мора да внимаваме. Искреноста, посветеноста и целосната транспарентност – тоа се постулатите врз кој мора да ја градиме нашата приказна, и тука нема да дозволиме било каква дискусија!

Дека вредностите кои ги застапуваме и ги практикуваме, докажавме низ целиот изминат период. Ниту една наша активност за и во клубот не поминала, без притоа да се запази на искрениот пристап и целосната транспарентност. Така било, така и ќе биде, се додека ние, искрените вљубеници во црвено – црната боја, го предводиме клубот.

Покрај сево ова, најмногу не радува поддршката која ја добиваме, од страна на народот. Сакаме јасно да порачаме, дека без вашата помош, без вашиот поттик, оваа борба немаше да успее. Затоа, да се држиме заедно, да работиме посветено, и да да покажеме дека знаеме и умееме. Сите нека ја видат силата на Вардаровите навивачи!

Повеќе од потребно е секој да ја разбере важноста на овој момент, на оваа шанса. Повеќе од потребно е секој од нас да разбере дека ние сме тие, кои во момент одлучуваат за иднината на клубот. Дека ние сме се што во моментов претставува – ВАРДАР!

76 роденден нека биде славен, нека биде почеток на една нова шампионска ера, која ќе остане запаметена и прераскажувана, од страна на идните црвено -црни поколенија.

За крај, ги повикуваме сите Вардарци, да се приклучат на акцијата за продажба на членски карти. Сега кога е најпотребно, да застенеме сите заедно, зад нашиот Вардар!“, стои во соопштението на клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ