Во колективната тужба се тврди дека банката му помогнала на осрамотениот финансиер во олеснување на неговата секс-трговија со млади жени. Жртва идентификувана како „Џејн До“ ја тужеше банката пред Федералниот окружен суд во Њујорк, САД, и побара групна тужба за застапување и отшета и за другите жртви на Епстин. Во тужбата се наведува дека банката свесно заработила од сексуалната трговија на бизнисменот и „наместо усогласеност, избрала профит“ што достигнува милиони долари.
„Спогодбата ќе им овозможи на десетици преживеани жртви на Џефри Епстин конечно да се обидат да ја вратат својата верба во нашиот систем, знаејќи дека сите поединци и субјекти кои му овозможиле на Епстин да тргува со луѓе заради секс, конечно ќе бидат повикани на одговорност“, се наведува во соопштението на адвокатите.
Германската банка претходно призна дека му обезбедила „рутински банкарски услуги“ на Епстин од 2013 до 2018 година и дека тужбата „не е блиску до тврдењето дека Дојче банк била дел од криминалниот синџир“ на Епстин за трговија со луѓе.