Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 72-годишник на 15 јануари 2025 година влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата „Прилепска“ во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои.
Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.
Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка црвена застава што го држел неовластено. При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.