петок, 21 март 2025

7 повредени се транспортирани во Шпанија

Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка.

Објавено на

часот

Сподели

„По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе. Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија и се солидаризира со жртвите од пожарот“, стои во објавата на „Х“ на Шпанската амбасада во Македонија.

Шпанските весници „ABC Madrid“ и „20Minutos“ повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Мигел Анхел Гарсија Мартин, претходно објавија дека две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во страотниот пожар во ноќен клуб во градот Кочани, Северна Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро. Со тоа Шпанија се става на располагање на погодените од пожарот и на македонските власти кои го активираа механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Од македонското Министерство за здравство ја потврдија информацијата за МИА.

Болниците Ла Паз и Хетафе имаат национално и меѓународно признати центри за грижа на пациенти со изгореници. Од седумте лица кои ќе пристигнат во Шпанија, пет ќе бидат примени во комплексот Фуенкарал, а двајца во центарот што се наоѓа јужно од главниот град, наведува весникот „20Minutos“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ