четврток, 26 декември 2024

7 државјани на Албанија без дозвола работеле во фирма во Радање

Вчера во атарот на селото Радање, Општина Карбинци, полициски службеници  од СВР Штип по наредба на ОЈО Штип, во содејство со трудова инспекција, извршиле контрола во правен субјект каде биле затекнати А.Р. (33), Л.Р. (59) , Ф.Л. (63) , Д.З. (42) , Б.З. (51) , А.Д. (36) и К.З. (59), сите од Република Албанија. Сите престојувале незаконски во државата, а биле работно ангажирани во правниот субјект.

Објавено на

часот

Сподели

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ