сабота, 27 јули 2024

65 украински заробеници загинаа во несреќа на руски авион (ВИДЕО)

Воениот авион ИЛ-76 превезувал 65 заробени војници за понатамошна размена, соопшти Министерството за одбрана.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Руски транспортен авион со неколку десетици украински воени заробеници се урна во регионот Белгород, кој граничи со Украина, потврди Москва. Претходно, медиумите објавија дека сите патници и членови на екипажот во авионот загинале.

Во денешното соопштение руското Министерство за одбрана соопшти дека товарен авион ИЛ-76 со 65 заробени украински војници, како и шест члена на екипажот и три лица што ги придружувале заробениците, паднал за време на однапред планиран лет околу 11 часот по локално време. Се додава дека затворениците биле транспортирани во регионот Белгород за размена, пренесе РТ.

Официјални претставници на одбраната, исто така, истакнаа дека Москва испратила комисија за утврдување на причините за инцидентот.

Некои украински медиуми првично сугерираа дека Ил-76 можеби е соборен од украинските сили, но тие извештаи подоцна беа избришани.

Телеграм-каналот 112, повикувајќи се на свој извор, претходно објави дека несреќата се случила во близина на селото Јаблоново, на околу 90 километри од границата. Каналот тогаш соопшти дека нема преживеани.

Генералштабот на Украина за украинскиот разгранок на Би-би-си изјави дека нема точни информации за ситуацијата и дека ги истражува околностите.

Регионалниот гувернер на Белгород, Вјачеслав Гладков, рече дека знаел за „инцидент“, но не даде дополнителни детали.

Андреј Картаполов, претседателот на парламентарната комисија за одбрана на Русија, подоцна тврдеше дека во воздухот имало втор авион, кој превезувал 80 украински заробеници, иако тој авион потоа го променил курсот.

„Сега не може да се зборува за никаква друга размена (на заробеници)“, изјави Картаполов за руската телевизија.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ знаел за несреќата, но одби да навлегува во детали.

Во Украина накратко беше воведена тревога за воздушен напад низ целата земја, веднаш по објавувањето на веста за падот на Ил-76.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ