сабота, 27 јули 2024

63 проценти од студентите лани завршиле по рокот, намален бројот на дипломираните

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на ДЗС добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7.422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6.043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1.379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки.

Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ