сабота, 27 јули 2024

626 казни напиша полицијата за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите возачи, 24 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 320 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 306 надвор од населено место.

Во Скопје биле казнети 124 возачи, а уште 90 возачи заработија казни за друг вид на прекршоци како: 12 за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и други казни.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ