петок, 10 јануари 2025

600 специјалци се во потрага по напаѓачот од масакрот кај Младеновац

Објавено на

часот

Сподели

„Политика“ пишува дека се блокирани сите патни правци кон Младеновац и во тек е голема потрага по Урош, а по автопатот патролираат и полициски возила.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека тоа е тероризам.

Напаѓачот У. Б. прво пукал во селото Дубона, а потоа во Мали Орашје и село Шепшин.

Во Дубона убиен е полицаец и неговата сестра. У.Б. пукал по случаен избор во училишниот двор, каде ранил неколку лица. Според мештаните, напаѓачот е познат како проблематичен, инаку бил соседното село Доња Дубона.

м

Вооружениот напад во Дубона е второ масовно злосторство во изминатите три дена во Србија. Во средата, на 3 мај, во утринските часови, тринаесетгодишен ученик од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ со пиштол уби осум ученици и еден чувар, а рани седуммина. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ