среда, 15 мај 2024

60 години „Битолски весник“ – најстариот локален печатен медиум во Македонија

Со свечена академија вчера во Битола се одбележа 60 годишниот јубилеј од најстариот печатен локален медиум „Битолски весник“. Главниот и одговорен уредник Менде Младеновски, потсетувајќи на многу генерации новинари и соработници, „Битолски
весник“ го спореди со пиреј во медиумскиот простор, затоа што и покрај
сите проблеми и предизвици, весникот успева да опстои.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи им го големиот јубилеј, нагласи дека Општина Битола, ќе продолжи да го поддржува напредокот на
весникот, давајќи посебно значење на објективното новинарско информирање
и слободната мисла и говор.
„Битолски весник има посебно значење за Битола, затоа што овој весник
истовремено претставува и хроничар на градот и културен промотор, но и
информативно гласило, кое со децении ги доближува најважните информации
до граѓаните. Како општина и понатаму ќе се залагаме весникот со својата
препознатливост и единственост да продолжи успешно да функционира, затоа
што само на тој начин можеме да го поттикнеме напредокот на
професионалното новинарство без кое не можеме да одиме напред, ниту како
општина, ниту како држава. Слободата на говорот и објективното
информирање истовремено се и мотиватор за младите и сите граѓани, но и
коректор и поттикнувач на промени кон подобро за политичарите и
функционерите“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски,
на кого му беше врачена плакета во знак на благодарност за соработката и
поддршката на „Битолски весник“.

На свечената академија во Офицерскиот дом во Битола, беа врачени плакети
и на други заслужни поединци, установи и институции, кои дале значаен
придонес во опстојувањето на весникот, а во чест на јубилејот беше
изведена и химна на „Битолски весник“ по текст на Валентин Соклевски,
музика на Николче Мицевски, а во интерпретација на Сефејдин Бајрамов,
Ирена Митревска, Тина Мицевска, Христијан Доневски и Трифун Костовски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ