недела, 23 јуни 2024
Неделава почнува вакцинацијата

60.000 граѓани ќе се вакцинираат бесплатно против сезонскиот грип

Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

Објавено на

часот

Сподели

Според МЗ, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.

Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

„Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“, наведува Министерството и додава дека граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи може да се пријавуваат пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ