сабота, 27 јули 2024

599 возачи казнети за брзо возење, 71 од нив во Скопје

За време на радарските контроли на улиците и патиштата низ Македонија, сообраќајната полиција за брзо возење казни 599 возачи, од нив 71 возеле брзо низ Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од санкционираните 599 возачи, 26 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 275 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 324 надвор од населено место.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ