Комплексот во близина на Масџафа, во близина на медитеранскиот брег, бил „центарот на иранските производни напори во регионот“, кажа потполковникот на ИДФ Надав Шошани на брифинг за новинарите.
„Тој објект бил смислен за да се произведуваат стотици стратегиски проектили годишно од почеток до крај, за Хезболах да ги користи за воздушни напади на Израел“, додаде тој.
Шошани кажа дека тоа место, вкопано во планина, Израел го набљудувал од почетокот на изградбата во 2017 и дека сега е во состојба да произведува прецизно наведувани проектили, некои со дострел до 300 километри.
DECLASSIFIED: In September 2024, before the fall of the Assad Regime, our soldiers conducted an undercover operation to dismantle an Iranian-funded underground precision missile production site in Syria.
Watch exclusive footage from this historic moment. pic.twitter.com/s0bTDNwx77
— Israel Defense Forces (@IDF) January 2, 2025
„Оваа способност стана активна, така што зборуваме за непосредна закана“, кажа тој.
Израелските медиуми известиле за детали на операцијата од 8 септември, а Шошани кажа дека ова е прва потврда на израелската војска, која ретко ги коментира своите акции.
„Ова беше една од најважните превентивни операции кои ги преземавме против обидите на иранската оска да се вооружи за да нè нападне“, кажа тој.
Шошани објасни дека „станува збор за една од покомплексните операции на ИДФ во последните години“, додавајќи дека „војската го растури објектот, вклучувајќи ги машините и опремата за производство“.