сабота, 19 октомври 2024

58 мртви во кениска секта: Семејство умрело од глад за да се сретне со Исус

Објавено на

часот

Сподели

Но, бројот на починати може да биде поголем со оглед на тоа што кенискиот Црвен крст објави дека 112 лица се пријавени за исчезнати во областа. Претходно овој месец, полицијата спаси 15 следбеници на Меѓународната црква на добри вести, на кои им било речено да гладуваат до смрт.

Четворица од нив починале пред да стигнат во болница, соопшти полицијата. Црковниот водач Пол Мекензи беше уапсен по извештаите за плитки гробови во кои имало најмалку 31 негов следбеник. Локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека Мекензи одбил да јаде и пие во полицискиот притвор.

Министерот за внатрешни работи Китуре Киндики рече дека целата шума од околу 3.200 квадратни метри е затворена и прогласена за место на злосторство.

„Оваа страшна црна дамка на нашата совест мора да доведе не само до најстроги казни за сторителите на ова злосторство врз толку многу невини души, туку и до построга регулација (вклучувајќи и саморегулација) на секоја црква, џамија, храм или синагога од сега натаму“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ