четврток, 26 декември 2024

53 сателити успешно се лансирани од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток

Педесет и три сателити од руско и странско производство беа успешно лансирани рано утринава од космодромот Восточни во областа Амур на рускиот Далечен Исток, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека ова е рекорд и дека во орбитата успешно се лансирани 49 руски, еден руско-кинески, еден руско-зимбабве и два ирански сателити, пренесе ТАСС.

Амбасадорот на Иран во Москва, Казем Џалали, во понеделникот најави дека Русија денеска ќе лансира два ирански сателити во орбитата со помош на лансирната ракета „сојуз“. Џалали на платформата Икс напиша дека, како дел од продолжувањето на развојот на научната и техничката соработка меѓу Иран и Русија, во вторник ќе бидат лансирани два ирански сателити „ковсар“ и „ходход“ во земјината орбита оддалечена 500 километри.

Иранскиот приватен сектор е одговорен за развојот на сателитите „ковсар“ и „ходход“, што е негово прво значајно достигнување, објави минатиот месец иранската новинска агенција Тасним. Русија го лансираше иранскиот истражувачки сателит „парс 1“ во вселената во февруари оваа година со помош на ракета „сојуз“ од космодромот Восточни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ