петок, 18 октомври 2024

53 евра за мегават-час струја е понудата на ЕСМ до ЕВН Хоум, премиерот не очекува зголемување на цената

Објавено на

часот

Сподели

АД ЕСМ доставила до ЕВН Хоум како универзален снабдувач, понуда за купопродажна цена на електричната енергија од 53 евра за мегават час за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. 

„Оваа цена е за околу 5,35 проценти пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас“, информираа од ЕВН Хоум. 

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Од ЕВН Хоум информираа дека понуда на тендерот пристигнала само од АД ЕСМ.

Не очекувам ценовен шок, Сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа беа истите тие кои беа експерти за корона, а потоа станаа експерти за енергетика, сега се експерти за уставни измени. Тоа се истите скептици, истите критизери кои единствено сакаат да внесат немир и дезинфомации кај граѓаните, изјави Ковачевски по денешната посета на компанијата за производство на фина картонска амбалажа „Еврос Комерц“ во Старо Нагоричане.

Посочи дека во Буџетот има финансиски средства за антикризни мерки со кои ќе биде помогната ЕСМ.

Во однос на воведувањето на дневната евтина тарифа, Ковачевски рече дека одлуката ја носи РКЕ и дека за тој процес на ЕВН му е потребно време за да ги намести броилата во домаќинствата. 

„Ако биде донесена таква одлука, бидејќи не можам да зборувам во име на Регулаторната комисија за енергетика, тогаш сигурно на ЕВН ќе му биде потребен опреден временски период за да тоа го воведе во сите броила на домаќинствата“, рече Ковачевски. 

Додаде дека се води сметка и за цената на електричната енергија за малите компании со цел таа да биде на ниво одржливо за нивното производство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ