понеделник, 21 октомври 2024

500 години независна Шведска одбележува со шведска музика на Школка во Градски парк

Објавено на

часот

Сподели

Посетителите ќе имаат можност да ја проследат дигиталната изложба – „Шведски музички моменти“, а ќе биде поставена и изложба која во фокус ги става иновациите на шведските компании каде посетителите ќе имаат можност и да се запознаат со некои од шведските компании присутни во Македонија.

На самиот почеток на настанот ќе се одржи куса дискусија со младите, на која на динамичен начин ќе бидат претставени неколку успешни македонски стартапи основани од млади луѓе со инвентивни и иновативни идеи, како и дел од екосистемот на поддршка за младите претприемачи.

Во духот на прославата на 500-годишнината, Амбасадата на Шведска за посетителите приготви 500 типични шведски слатки од цимет и кардамом, а во соработка со средното угостителско училиште Лазар Танев ќе бидат послужени и 500 парчиња шведска летна торта од јагоди.

Настанот е во организација на Шведската амбасада, во партнерство со Шведскиот институт, со спонзорство од шведската компанија Дијаверум и компанијата Синпекс кој го застапува шведскиот бренд Хускварна, и во соработка со шведските компании Поларкејп и Орифлејм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ