недела, 19 мај 2024

50 години кариера ќе одбележи Џафер утре со концерт

Утре вечер во Јавна соба ќе се одржи концерт по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер. На концертот се најавени голем број на гости музичари и се очекува тоа да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје со времеплов од 90-тите до денес.

Објавено на

часот

Сподели

Мики Јовановски – Џафер, македонски рок музичар и брилијантен вокал остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и други.

Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на Макфест во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски – Џафер награда за интерпретација.

Добитник е на награда „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности и е потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски – Џафер ѝ го остави на македонската поп и  рок-музиката и со „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“, „Мики мој“, „Џоле бре гол“…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ