недела, 19 јануари 2025

50 денари за налепница НМК за регистарските таблички

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“, ќе чинат најмногу 50 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што појаснуваат, согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, додаваат од МВР.

Обврската за користење на кодот „НМК“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ