Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 49-годишниот Ј.К. се сомничи дека вршел обљуба врз малолетничката од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, а по документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица.