сабота, 27 јули 2024

48 часа притвор за таткото на Вања Ѓорчевска, одлучи Кривичниот суд

Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и определи притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството на неговата ќерка. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведуваат од скопскиот Кривичен суд, притворот е определен поради опасност од бегство и влијанија врз сведоци.

Претходно вечерва, Кривичниот суд по предлог на ОЈО Скопје донесе итна Наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, којшто е посочен и како организатор и реализатор на убиствата.

„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела грабнување и убиство. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, соопшти Јавното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи вечерва распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.

 „Љупчо Палевски роден на 12.12.1964 година во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела грабнување и убиство по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, соопшти МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ