вторник, 22 октомври 2024

47 затвореници побегнале од затвор во Либерија

47 затвореници изминатиот викенд побегнале од строго обезбедуван затвор во близина на Монровија, главниот град на Либерија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според првичната истрага, затворениците избегале откако успеале да го пробијат безбедносниот систем на затворот, соопшти Министерството за правда.

„Ние сме длабоко загрижени за овој инцидент и ги преземаме сите неопходни мерки за фаќање на избеганите затвореници“, се вели во соопштението.

Покрај полицијата, која учествува во потрагата по бегалците, распоредени се и дополнителни сили. Министерството ги повика бегалците да се предадат во најблиската полициска станица.

Инаку, либериските затвори се сериозно пренатрупани, затворениците немаат доволно храна, а им недостига и основната здравствена заштита. Некои од нив накратко престанаа да примаат нови затвореници поради недостиг од храна, а многу затвореници се зад решетки иако немаат судска пресуда.

Според податоците на Обединетите нации од 2022 година, 73 отсто од затворениците во Либерија се во притвор, што значи дека чекаат судење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ