четврток, 26 декември 2024

43 мајмуни избегале од лабораторија во САД

Откако 43 мајмуни избегале од истражувачки центар во мало гратче во Јужна Каролина во САД, полицијата ги повика жителите да ги заклучат своите домови и во никој случај да не им се приближуваат.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Полицискиот оддел во Јемаси, Јужна Каролина, град со 2.000 жители, на Фејсбук објави дека младите женки макаки резус избегале во средата.

Во потрагата по избеганите мајмуни се вклучи и полицијата заедно со вработените во истражувачкиот центар Алфа Џенезис.

Поставени се стапици за да се фатат животните, а полицијата користи и термички камери за да ги пронајде.

Грег Вестергард, извршен директор на Алфа Џенезис, изјави за Си-ен-ен дека мајмуните избегале откако чуварот не ја заклучил вратата, истакнувајќи дека се работи за „100% човечка грешка“.

Полицијата вели и дека Алфа Џенезис тврди дека на овие мајмуни никогаш не биле вршени тестирања, и дека се премногу млади за да бидат носители на болест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ