На конституитивната седница, жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатирала дека во конкуренција се романи од различни жанрови и дека процесот на избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.
Комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Името на победникот треба да биде објавено до 15 март.
Наградата „Роман на годината“, поддржана од Министерството за култура, чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 26-ти пат. Признанието се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Список на пристигнати дела на конкурсот „Роман на годината“ за 2024 година
- „Безсловен“, Кирил Ангелов, „Сакам книги“
- „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“
- „Јод“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или-или“
- „Играта на господин Филип“, Санта Аргирова, „Култура“
- „Коски, пепел, чад“, Мери Арсова, „Антолог“
- „Напластување“, Јасмина Атанасова, Центар за култура Битола
- „Риба во(н) мрежа“, Јована Матевска Атанасова, „Арс Либрис“
- „Роботот 1971“, Бобан Богатиновски – Куманово, самостојно издание
- „Кум“, Саша Богдан, „Сакам книги“
- „Ковчежето со драгите предмети“, Матеј Богдановски, самостојно издание
- „Тони“, Румена Бужаровска, „Три“
- „Кога соништата не заспиваат“, Викторија Гаго, Ирис, Струга
- „Стриптиз на душата“, Филип Георгиевски, „Бата пресс“
- „Искра“, Петре Димовски, „Дијалог“
- „Седум часот и педесет минути“, Јован Илиески, „Антолог“
- „Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“
- „Кобајаши Мару“, Анде Јанков, „Антолог“
- „Недостиг“, Симеон Јанков, „Или-или“
- „Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“
- „Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“
- „Страшни приказни“, Сузана Камберова, „Арс Либрис“
- „Во длабочината на моите рани“, Благица Каревска, „Панили“
- „Простување“, Кица Колбе, „Или –или“
- „Тајни“, Јордан Коцевски, „Антолог“
- „Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“
- „Јас пратеник“, Владимир Мандичевски Манде, „Баги Комуникации“
- „Девојката што ја наслика смртта“, Андреа Мирческа, „Арс Либрис“
- „Што се случи со Исидора?, Јана Мишо, „Арс Либрис“
- „Неочекувано“, Ана Мовска, „Арс Либрис“
- „По корените на мајка ѝ“, Марија Моневска, „Ројал Арт“
- „Зад маските“, Ксенија Николова, „Шеринг ис керинг“ – Здружение за создавање на подобро општество за сите
- „И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“
- „Огне и Време за желби“, Виолета А. Наумовска, самостојно издание
- „Евацид“, Никола Радуловиќ, „Флип Бук“
- „Возот“, Филип Скуманов, самостојно издание
- „Не ѝ верувај на баба ти“, Натали Спасова, Н. Славковска
- „И јас сум Сирма“, Зоран Спасов Ѕоф, „Арс Либрис“
- „Љубов, море и лимончело“, Татјана Кацарска Станоевска, „Топер“
- „Раѓањето на Илија“, Зоран Стојаноски, ПНВ Публикации
- „Капињера“, Гордана Такец, „Сакам книги“
- „Тајната на монахот“, Далибор Трајков, „Сакам книги“
- „Италијанскиот ракопис“, Лепа Гештаковска Христовска, „Сакам книги“
- „Приказни од ѕунливото море“, Билјана С. Црвенковска , „Чудна шума“