сабота, 27 јули 2024

405 возачи казнети за брзо возење

За време на вчерашните радарски контроли на улиците и патиштата низ Македонија сообраќајната полиција казни 405 возачи, од кои 137 на територијата на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од санкционираните 405 возачи, девет возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 254 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место.

На територијата на Скопје казнети се 137 возачи, а изречени се и уште 100 казни за други прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ