Од санкционираните 405 возачи, девет возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 254 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место.
На територијата на Скопје казнети се 137 возачи, а изречени се и уште 100 казни за други прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.