сабота, 19 октомври 2024

40 години „Бучен Козјак“

Објавено на

часот

Сподели

Од своето основање 1983 година, „Бучен Козјак“ произведува природни млечни производи кои се комбинација од традиционални рецепти во индустриски капацитети. Нивната силна посветеност на квалитетот, иновациите и задоволството на клиентите, изгради доверливо име во млечната индустрија.
Во текот на изминатите години, „Бучен Козјак“ достигна огромен раст и развој, благодарение на инвестициите и посветеноста на нивниот талентиран тим. 
40 годишното постоење, „Бучен Козјак“ го одбележа со прослава на која беа поканети голем број соработници, вработени, луѓе кои во изминатите години допринеле за развојот на брендот.
Генералниот менаџер на „Бучен Козјак“, Наташа Денковска-Бојковски посебносе заблагодари на својот тим и на секој вработен и соработник во големото семејство на компанијата.
„Би сакала да се заблагодарам на сите наши ценети потрошувачи, членови на големото семејство на Бучен Козјак, колеги, соработници, добавувачи, откупувачи, млекопроизводители за дадениот допринос, посветената работа, лојалност, истрајност, труд и вложените напори за успешното работење. Со визионерско лидерство, сплотени како семејство, заедно ги одржуваме вредностите и ја продолжуваме долгогодишната приказна која поврзува генерации на потрошувачи“, рече Денковска-Бојковски.

И сопствениците на „Бучен Козјак“, Слободан Стојковски и Снежана Станојковиќ се заблагодарија за довербата, посветеноста на вработените и упорноста во исполнување на визијата на нивните родители, а тоа е да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи.
На пославата компанијата „Бучен Козјак“ им додели статуетки на своите соработници, но и на оние кои работниот век го поминале во компанијата, вработени со најдолг работен стаж, признанија за најголеми фармери, најдолгогодишен соработник млекопроизводител-кооперант, најдолгогодишни соработници – дистрибутери, како и статуетка за првовработениот во компанијата.
Компанијата „Бучен Козјак“ останува посветена на нејзините основни вредности квалитет, интегритет и фокусираност кон потрошувачите, рече Денковска-Бојковски.

                                                                                                                                              Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ