сабота, 27 јули 2024

377 казни за брзите возачи

Со радарска контрола на улиците и патиштата низ Македонија сообраќајната полиција регистрира 377 возачи кои ја надминале дозволената брзина на возење.

Објавено на

часот

Сподели

Од санкционираните 377 возачи, 21 возел со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 185 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 192 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ