сабота, 27 јули 2024

Пријава за 18-годишна девојка која лажно пријавила дека била киднапирана од 55-годишник

Во Тетово Р.И., 18-годишна девојка од Скопје, најпрво пријавила во полиција дека присилно била чувана во куќата на 55-годишник, за да подоцна признае дека сепак по своја волја престојувала во домот на Е.И. (55).

Објавено на

часот

Сподели

Утрово полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Р.И. откако претходниот ден пријавила дека Е.И. физички ја нападнал и против нејзина волја ја држел во неговиот дом. По преземени мерки и активности во соработка со Центарот за социјални работи Тетово, било утврдено дека таа лажно го пријавила настанот, а подоцна во службен разговор и самата признала дека по своја волја престојувала кај него дома.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ