„Продолжува изградбата на спортската сала во село Возарци, со корисна површина од 400 квадратни метри, што ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште ‘Страшо Пинџур’. Инвестицијата е на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата Градба промет“, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму нагласија дека кавадаречката локална самоуправа рамномерно инвестира како во урбаните, така и во руралните средини во општината.