сабота, 27 јули 2024

Пожар во стан во Ново Лисиче, жртви нема, причинета е само материјална штета

Пожар избувнал денеска во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила.

Објавено на

часот

Сподели

„Опожарен е стан на првиот кат на булевар АСНОМ број 68. Интервенирано е со три противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета“, изјави командирот на ППБ на Град Скопје Ѕвонко Томески.

Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ