„На 13.01.2024 околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриски објект на подрачје на Гази Баба, Г.И. од Скопје кој бил вработен во објектот, бил пронајден починат. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт“, соопштија од МВР.
По насоки на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.