сабота, 27 јули 2024
Кривичен суд

Незири и тројцата други осомничени не одат во притвор, добија мерки на претпазливост

Кривичниот суд малку пред полноќ извести дека судија на претходна постапка на четирите од осумте осомничени лица за загрозување на безбедноста на возушниот сообраќај, меѓу кои и на функционерот од ДУИ, Беким Незири, им определи мерки на претпазливост – одземање на пасош, јавување во суд и забрана на меѓусебна комуникација, како и комуникација со оштетени лица. Обвинителството бараше притвор.

Објавено на

часот

Сподели

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,
постапувајќи по предлог на јавниот обвинител за определување мерка
притвор против 4 лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени
за кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од
чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и
осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите
четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.

Односно, согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува:
забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска
за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на
патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за
комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот
совет на овој суд“, се вели во соопштението на судот.

Незири и тројца други осомничени вечерта беа донесени од полициска станица на распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка. Истрага обвинителството поведе за нив и за уште четири лица кои се недостапни за загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје.

Осомничените влегле во објектот на Контролата на летање и физички нападнале контроли на летање, а влезот кој е строго забранет за надворешни лица го овозможил Беким Незири, вработен како советник во М-НАВ, со својата електронска картичка за влегување. И самиот учествувал во нападот, а според тоа што се знае, обезбедувањето на објектот не реагирало.

Истиот ден биле приведени во полиција, а обвинителството отвори истрага и побара судот на четирите достапни лица да им определи мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ