сабота, 27 јули 2024

За божиќните празници ЈСП ќе вози по неделен возен ред

За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, а веќе од 9 јануари ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Објавено на

часот

Сподели

„На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров“, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Од вторник (9.01.2024 год) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.

Жичарницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ