сабота, 27 јули 2024

Врабевски отвори нов клуб на Бугарите во Битола – Балкански мост

Пред Нова година во Битола беше отворен ново здружение на Бугарите „Балкански мост“. Претходниот бугарско-информативниот центар „Ванчо Михајлов“ предизвика бурни реакции во македонската јавност и беше затворен со решение на надлежните органи.

Објавено на

часот

Сподели

„Балкански мост“, како здружение за култура, образование и традиција  веќе имаше активности со донирање новогодишни пакетчиња за Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Неколку донации беа спроведени и во Струмица и Струга.

И овој клуб е основан со помош на фондацијата на бугарскиот стопанственик Милен Врабевски „Бугарска памет“. Од фондацијата најавуваат дека во фокусот на активностите на ова ново здружение ќе бидат културата, образованието и традицијата.

„Балкански мост“ беше дел од проектот „Стоп за семејно насилство“ инициран од сопругата на бугарскиот амбасадор во Македонија Билјана Ангелова.

На официјалната фејсбик страница „Балкански мост“ објави дека во организација на Министерството за образование и наука, заедно со Амбасадата на Република Бугарија и генералниот Конзулат во Битола, организираше информативна презентација на сите оние заинтересирани кои сакаат своето високо образование да го продолжат во градовите Пловдив, Благоевград, Варна, Софија и Стара Загора во Бугарија.

Неофицијално, претседател на ова ново Здружение „Балкански мост“ е Љупчо Јошевски вработен во РЕК „Битола“ каде што работи и поранешниот претседател на клубот „Ванчо Михајлов“ Љупчо Георгиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ