сабота, 27 јули 2024
Во затворот Идризово

Двајца затворски полицајци завршија на Клиника откако ги претепал затвореник

Во тепачка која настанала меѓу затвореници во затворот Идризово, еден од затворениците претепал двајца од затворските полицајци кои интервенирале.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 12.13 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники Мајка Тереза било пријавено дека кај нив биле донесени две лица (вработени во КПУ Идризово) со повреди. Имено, според пријавеното, по претходен нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу затвореници, при интервенција на затворските полицајци, тие биле физички нападнати од осуденикот Д.Н.(26).  Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ