сабота, 27 јули 2024

Донација на ОМД за болницата во Битола, медицинска опрема вредна 450.000 долари

По успешната испорака на медицинска опрема вредна над половина милион долари во 2022 година во скопската болница, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) повторно во соработка со World Medical Relief од Мичиген и медицинската мисија Dattilio од Вермонт испорача медицинска опрема во вредност од 450.620 американски долари, овој пат во клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Од 2004 година, ОМД помага и/или донира над 1,5 милиони американски долари во добротворна и хуманитарна помош за Македонија.

Речиси шест тони опрема и материјали, вклучувајќи системи за респираторна нега, маски за кислород, хируршки материјали, хируршки инструменти, ортопедски предмети, гази, завои, кревети за интензивна нега, патерици, инвалидски колички и дијагностички алатки беа донирани од World Medical Relief. ОМД и медицинската мисија Dattilio ги покриваа трошоците поврзани со превозот и логистиката од Мичиген до Македонија преку пристаништето Драч, Албанија.

Вчера, директорот на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов, ја посети болницата, ги обиколи објектите и беше сведок на придобивките од оваа донација на медицинска опрема и материјали кон градот Битола и пациентите на болницата. На Јорданов му се придружија министерот за здравство на Македонија Фатмир Меџити и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Директорката на битолската болница Елизабета Ивановска изрази најдлабока благодарност до World Medical Relief, ОМД и до медицинската мисија Dattilio, велејќи дека опремата е од големо значење за болницата и дека со неа, нивото и квалитетот на здравствените услуги и здравствената заштита за пациентите од целиот регион ќе се подобрат. Ивановска истакна дека после долги години битолската болница доби донација од ваков тип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ