недела, 12 јануари 2025

32-годишен Македонец убиен во расправија со двајца Еритрејци во Есен, Германијa

Во германскиот град Есен во саботата околу 2 часот по полноќ расправијата меѓу двајца Еритрејци (25, 29) и еден 32-годишен македонски државјанин завршиле со физичка пресметка по која Македонецот подлегнал на повредите, јавуваат германските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Смртните повреди биле настанати од пивско шише. Еритрејците избегале во правец на главната железничка станица. Еден од нив подоцна бил приведен.

Случаен минувач се обидел да му помогне на повредениот, но веќе било доцна. „Кратко време откако беше однесен во болница, тој починал“, изјавил портпаролот на полицијата.

Обдукцијата на жртвата откри дека причината за смртта е траума од тапа сила.

Сè уште е нејасно за што се расправале тројцата мажи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ