сабота, 27 јули 2024

32 болни од пертусис регистрира кумановскиот Центар за јавно здравје

Кумановскиот Центар за јавно здравје регистрира 32 заболени од голема кашлица, од кои 26 се во градот КУманово каде е прогласена епидемија.

Објавено на

часот

Сподели

Епидемиологот доктор Едита Размизи вели дека во Кратово регистрирани се три случаи, во Крива Паланка два и еден случај има во Липково.

„Новозаболените се на домашно лекување. Станува збор за деца од 11 до 17 годишна возраст, сите се комплетно вакцинирани и се во општа добра здравствена состојба“, изјави доктор Рамизи.

Од Центарот за јавно здравје велат дека продолжуваат мерките согласно укажувањата на Комисија за заразни болести и Институтот за јавно здравје.

Засилени се епидемиолошки истражувања, откривањетоп сомнителни случаи, проверките на вакцинални статуси, се врши изолација на заболените и привремено отсуство од установите, школите, градинките и едукативните центри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ