петок, 18 октомври 2024

300 кубни метри отпад од диви депонии на неколку скопски улици собраа комуналните служби

Скопското комунално претпријатие испрати до медиумите фотографии од уште една акција на чистење на ѓубре и кабаст отпад оставебн или крај контејнери или на самата улица и зелени површини. Целта на претпријатието е да се подигне свеста кај граѓаните, но останува дискутабилно колку тоа допира до оние граѓани кои не се грижат за чистотата и хигиената.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на минатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје (КХС) отстранија приближно 300 кубни метри отпад од диви депонии во речиси сите скопски општини. Активностите се одвиваа на улицата Беласица во општината Гази Баба, улицата Анте Поповски во општината Кисела Вода, реонот кај Македонска куќа и долж булеварот Теодосиј Гологанов во општината Карпош, булеварот Никола Карев – спроти Амбасадата на САД и улицата Цветан Димов во
општината Чаир, како и на улицата Борис Сарафов и главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

д

Воедно, во текот на минатата недела заврши повеќедневната акција за чистење обемна дива депонија во реонот на Момин Поток, каде што беа подигнати вкупно 200 кубни метри непрописно одложен отпад.

д

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ